Лекарите лути: Османи е доктор, нека облече скафандер и нека дојде во болница да види како е

9540

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“, дознава САКАМДАКАЖАМ од владини извори кои биле присутни на состанокот што вчера преку конференциска врска се одржувал меѓу Кризниот штаб на Владата и Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.

„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК за реакцијата на лекарите.