Лежечки полицајци околу ООУ „Петар Поп Арсов“

117

Општина Карпош постави нов „лежечки полицаец“ во населбата Карпош 4, околу основното училиште „Петар Поп Арсов“, во должина на улицата „Волгоградска“, а во тек е поставување на ваков тип сигнализација и долж улицата „Разловечко востание“.

Основната цел е да се зголеми безбедноста на најмладите, како и на сите граѓани. Во овој дел, покрај училиштето има и две предучилишни установи (градинки), при што фреквенцијата на возила е голема.

На овој потег, локалната самоуправа има воспоставено и нов сообраќаен режим.

Имено, еднонасочниот сообраќај и новата хоризонтална и вертикална сигнализација придонесе да имаме побрз проток во сообраќајот, да се зголеми безбедноста, но и да се намали сообраќајниот метеж кај „Сити мол“.

Општина Карпош продолжува да поставува ваков тип на сигнализација и на други места каде што има потреба и каде што е возможно, согласно правилниците за поставување на сообраќајна сигнализација.