Легнаа и веќе 30. ден не им текнува да станат! Отвореното првенство на Црна Гора во лeжење трае и трае…

212

Во етно-селото Брезна кај Плужине пет натпреварувачи во машка и женска конкуренција се борат за првото место во натпревар во лежење.

Според организаторот Миќа Благојевиќ, натпреварувачите добро се забавуваат и се дружат.

„Тоа е многу психолошки натпревар, а учесниците се интересни личности. Тие се одличен тим и таму ќе останат некои пријателства“, вели организаторот. Тој посочува дека натпреварувачите кои учествувале препорачуваат секој да лежи барем еден ден, да не се движи, да остане сам и да размислува за животот.

Конкурсот во лежење влезе во 30 дена, а организаторот вели дека сите се изненадени од ова бидејќи претходниот рекорд бил пет дена.

„Натпреварот во лежење е забавен и нема тешки правила. Тоа е еден вид преродба“, вели Благојевиќ.

Ова е дванаесетта година како се организира натпреварувањето, а Црна Гора по тоа се прослави во светот.

Многу натпреварувачи отпаднаа поради обврските, а преостанатите пет, меѓу кои три жени и двајца мажи, опстојуваат во битката за најдобар во лежење.

„Еден од фаворитите е момче од Крушевац. Можеби би било апсурдно ако победи, ако ја земе титулата што до сега им припаѓаше на Црногорците“, низ смеа вели организаторот.

Првата награда е парична и изнесува 1.000 евра.