Легендарниот ски скокач Јане Ахонен (44), веќе некое време живее далеку од јавноста и спортот кој го направи светски популарен. За време на својата долгогодишна кариера, Ахонен настапи на 412 натпреварувања во Светскиот куп, 108 пати беше на победничкиот подиум и оствари 36 победи. Последен пат во Светскиот куп победи во Куопи во март 2008 година, а се уште е единствениот кој дури пет пати победил на турнејата „Четири скокалници“.

Сепак, денеска се занимава со друга работа. Се има посветено на поправка на автомобили и камп куќички.

-По завршување на минатото летосе уште работев во Скијачката федерација на Финска. Ја сакав таа работа и можев да продолжам, дури и за подобра плата. Но, тоа повеќе ме потсетуваше на живото кој го имав ккао професионален спортист. Имаше многу патувања, некогаш бев одговорен само за себе, а со работата во федерацијата морав да го следма целиот тим. Нешто ми недосатасуваше, изајви Ахонен.

Воглавно се фокусирал на правење и продавање камп куќички и среќен е што сега живее како обичен човек.

-Воглавно се фокусирам на кампери, јас ги правам и ги продавам. Исто така работам и на нивно опремување , редизајнирање… Купувачите ме викаат и бараат од мене да им инсталирам одредени работи. Мило ми е што конечно можам да живеам како обичен човек. Многу е лесно да се дојде на работа кога знаеше дека после работното време ќе имаш и слободно време и нема да чувствуваш притисок, откри Јахонен.

Прославениот Финец, нагласи и дека долго живеел како голема ѕвезда и дека заради тоа не ја развил вистинскта страна на својата личност. Освои девет медали од Светските првенства, а не успеа да осови ниеден медал во своите 14. настапи на Олимписките игри, но сега е среќен што конечно си го најде својот мир.