Легендарната црна шапка на Мајкл Џексон, продадена на аукција за 77.640 евра

69

Шапката, која познатиот американски поп пејач Мајкл Џексон ја носеше непосредно пред неговиот познат месечев танц, е продадена за 77.640 евра на аукција во парискиот хотел Друот.

Волнената шапка со свилена постава, модел федора, пред аукцијата беше проценета на 60.000 до 100.000 евра.

Тоа беше еден од 200-те продадени артикли на аукцијата Лимон.

„Извесен Адам Кели, кој беше на концерт на Мајкл Џексон на 25 март 1983 година, ја зеде капата мислејќи дека персоналот на пејачот на концертот ќе дојде по него“, соопшти аукциската куќа.

Кели ја чувал шапката неколку години, а потоа ја прода на американски колекционер. Шапката потоа се појавила во европска колекција, додала од аукциската куќа, која не го открива името на купувачот.