Во случај на претерано консумирање на овие намирници може да дојде до халуцинации и некои компликации. Затоа во вкусовите уживајте умерено, како и во се останато.

Една американска студија покажала дека пиење на 7 кафиња дневно може да предизвика халуцинации. Оваа количина може да предизвика да замислувате дека слушате звуци.

Чоколадото содржи анандамид, што е спој кој во голема количина внесена во телото, произведува ефект сличен на пушење марихуана. Човек со тежина од околу 60 килограми би требало да изеде оддеднаш околу 11 килограми чоколадо за да го почувствува овој ефект.

Јадење на незрела дудинка исто така може да предизвика халуцинации.

Британска студија открива дека 20 грама од сирењето со мувла пред спиење може да предизвика бизарни соништа.

Фефероните предизвикуваат жестина во устата и грлото, поради што се поттикнува засилено производство на ендофрин и може да се почувствувате помалку „дрогирано“.

Макот е намирница со силно наркотично дејство, бидејќи содржи голем процент на алкалоид морфиум.

Труење се брашно од рж, кое е заразено со ерготамин, се манифестира со халуцинации, грчеви или одземање на чувството во прстите.

Мускатното (или морско) оревче содржи материја наречена миристицин, која има силно наркотично дејство, поради што консумација во поголеми количини може да доведе до мачнини и силни халуцинации.

Извор: Punkufer.hr.