Левица ќе поднесе пријава против Заев поради последниот предлог за името

16

Политичката партија Левица ќе поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев поради последниот предлог за името кој е ставен на преговарачката маса. Партијата најавува дека утре со почеток во 11 часот ќе одржи прес-конференција пред седиштето на Основното јавно обвинителство – Скопје, на која ќе ги објасни причините за поднесување на кривичната пријава против претседателот на Владата, Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ – „загрозување на независноста“.

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од
пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање“, најавуваат од Левица.