Левица со Иницијатива до Уставен суд:  Новите имиња на скопските улици ги навредуваат националните чувства на македонскиот народ

25

Правниот тим на Левица денеска поднел иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за именување улици, која беше донесена од страна на Советот на Град Скопје, на 30 март 2021 година.

Од Левица соопштуваат дека одлуката за именување на улиците била донесена во времето на тогашниот градоначалник Петре Шилегов и освен што била „популистичка мерка и обид за мобилизирање изборни гласови од страна на албанското гласачко тело“, одлуката била и спротивна на законот.

-Поточно, ги навредува националните чувствата на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија. Улиците што се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хота, кои не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава. Мотивот за поднесување на оваа иницијатива не од етнички карактер, напротив! Македонската историја изобилува со Албанци што биле дел од антифашистичката борба и се бореле рамо до рамо со македонскиот народ и другите народи за независна и слободна македонска држава. Такви личности се: Ибе Паликуќа, Кемал Аголи, Том Ник Ѓелај, Нафи Сулејмани, Шахи Мехмети, Мурат Бафтијари, Шаин Садику и многу други. Левица како политичка партија, која во своите редови има членови од сите етнички заедници, смета дека именувањето на улиците и другите објекти во Република Македонија треба да биде според личности што се дел од генезата на Република Македонија како слободна и независна држава и кои се во духот на градење соживот базиран на заеднички антифашистички темели, се вели во соопштението од Левица.