Левица Карпош: Козле ќе се бетонизира – ќе се градат 50-тина нови објекти

518

Предлог Деталниот урбанистички план за четврт Ј 04 општина Карпош има за цел бетонизација на Козле што е спротивно на интересите и потребите на жителите на Козле и Општина Карпош.

Ова го тврдат од партијата Левица од каде наведуваат дека со предлог ДУП-от предвидени се 50-тина нови објекти на високите делови на Козле, во рамките на К.О. Долно Водно. Најголем дел од нив ќе бидат на четири нивоа и висина од 10,2 метри.

– Со спроведувањето на овој ДУП ќе се уништи огромна површина на зеленило, а бетонскиот ѕид ќе биде пречка за струење на чистиот воздух од Водно кон урбаниот дел на Скопје. Бројните габаритни објекти се и потенцијална закна за појава на ерозија и лизгање на земјиштето – велат од Левица Карпош.

Оттаму ги повикуваат советниците во Општина Карпош да постапат разумно и во интерес на жителите, а не на урбаната мафија, и да го спречат носењето на овој штетен, според нив, Детален урбанистички план.