Левица во Велес: Овие локални избори се клучни за растот на партијата, нагласи Апасиев

56

Во Велес вечерва изборната програма, приоритетите и заложбите на идниот совет и градоначалник на општината ги претстави партијата Левица.

Димитар Апасиев, претседател на Левица во своето обраќање пред велешани, потенцира дека овие локални избори се клучни за растот на партијата.

– Ние сме екипа која се создава одоздола нагоре.И затоа сфативме со текот на нашиот политички активизам уште од студентски денови дека не можеме да одиме со хоризонтални движења.Тоа што и треба на државата е хиерархиска структира и во случајов партија која ќе се бори на рамноправна основа со другите партии и така настана Левица и сите ние сме дел од мозаикот кој се вика Левица, рече Апасиев.

Тој им порача на кандидатите од Левица да не потпаднат под притисоците.

Јас верувам дека да ве заплашат не можат толку колку што можат да ве поткупат. Секој човек има некоја точка на топење, ќе ви понудат секакви предлози. И јас ќе ви кажам колку кошта советничко место, 30 илјади евра. Немојте да се предадете бидејќи единственото нешто кое го има Левица е кредибилитетот  и чистиот образ, им порача Апасиев.

Кандидатот на Левица за градоначалник проф д-р Златко Арсов од пред велешани појасни дека се вклучува во политиката, како што рече, да ја промени  безнадежноста на младите, долгата транзиција, сиромаштијата, ниските приходи и класните разлики.

Најави дека ќе се залага за социјална грижа во која сите поединци во општеството ќе имаат еднакви права слободи, граѓански права и слобода на изразувањеи, да гради добра и социјални услуги.

Арсов најави и уредување на просторот на Велес за хумано и здраво живеење, активности за развојот на потенцијалот кај децата и младите, енергетска одржливост, санација на инфраструктира и унапредување на земјоделското земјиште.

– Сакам Велес да биде град од кој нема никој да бега, туку ќе останеме за да го развиваме во иднина, порача Арсов.