Кошаркарот на Индијана, Карис Леверт е успешно опериран. Леверт неодамна беше трејдуван од Бруклин во Индијана, а медицинските прегледи откриле дека има туморска маса на левиот бубрег. Тој беше опериран во вторникот и сега сè е во ред со американскиот кошаркар.

Леверт моментно е на одмор и оваа сезона во НБА скоро сигурно е завршена за него. Во досегашниот дел од сезоната, каде играше за Бруклин, на 12 натпревари имаше просек од 18.5 поени, 4.3 скока и шест асистенции.