Левандовски е план „Б“

49

Шпанскиот гигант Реал (М) веќе разработува план кој ќе биде активиран доколку клубот не успее во намерата да ги осигура услугите на норвешкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд. „Кралскиот клуб“ не крие дека е сериозно заинтересиран за Халанд, но доколку не се најде заеднички јазик за обештетувањето, клупските челници ќе се фокусираат на полскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Роберт Левандовски.