Втора година по ред капитени на Ол-стар натпреварот капитени ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, меч кој е закажан за на 16. февруари во Чикаго. Овие двајца, исто како и минатата година, добија најмногу гласови во двете конференции.

Покрај Леброн, за стартери на Западот беа изгласани Лука Дончиќ, Џејмс Харден, Ентони Дејвис и Џоел Ембид. На Истокот, пак, освен Гркот, најмногу гласови добија Кемба Вокер, Тре Јанг, Паслак Сиакам и Циел Ембид.

За „Кралот“ ова ќе биде 16. учество на Ол-стар, со што се изедначи со Кевин Гарнет и Тим Данкан.

Наредната недела, лигата ќе ги објави и резервните играчи на Истокот и Западот, по што двајцата капитени ќе направат селектирање за своите тимови, во кое конференциите нема да имаат влијание.

Од натпреварите кои се одиграа во НБА лигата, гостите имаа супериорни настапи. Вашингтон предводен од Бел (36 поени) славеше на гостувањето кај Кливленд со 124:112, Лос Анџелес Лејкерс извојува победа кај Бруклин со 128:113 со нов трипл-дабл на Леброн (27п. 12с. 10а.), додека Далас беше поуспешен од Портланд со 133:125 иако брилијантна партија имаше Лилард со 47 поени.