Леброн го урна рекордот на Џордан

60
Cleveland Cavaliers' LeBron James plays against the Minnesota Timberwolves in the second half of an NBA basketball game Monday, Jan. 8, 2018, in Minneapolis. (AP Photo/Jim Mone) ORG XMIT: MNJM10

Тимот на Кливленд Кавалирс на домашен терен го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 107:102 и стигнаа до седмата победа на последните осум натпревари.

Меѓутоа, натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој реализираше 27 поени, 11 скокови и девет асистенции и со тоа го урна рекордот на Мајкл Џордан по бројот на натпревари во низа на кои постигнал над десет поени.

Од останатите играчи на Кливленд, Кларксон постигна 23 поени, а Худ реализирашец 16.

Во редовите на Њу Орлеанс најефикасен беше Холидеј со 25 поени, а Миротиќ реализираше 20.

Кавалирс сега се трети на Истокот со 46-30, додека Пеликанс се осми на Западот со 43-33.