Лајонел Ричи: Време е за песната „We are the world“

48

Еден од авторите на песната We are the World, која беше создадена пред 35 години и повторно се актуелизира пред 10 години кога Хаити го погоди разорен земјотрес, вели дека од самиот почеток на епидемијата со коронавирусот размислува за тоа повторно да ја актуелизира оваа позната песна, пишува 24ur.com

Во март 1985 година Лајонел Ричи., Мајкл Џексон, Синди Лопер, Кени Роџерс, Дајана Рос и над 40 други музичари заедно ја отпеаа песната We are the World, која стана еден вид светска химна,а беше посветена на луѓето кои се борат со гладта во Африка. Поради пандемијата со коронавирусот, Лајонел е убден дека сега е вистинско време повторно да ја запеат песната, која своевремно ја напиша заедно со поп иконата Мајкл Џексон.

„Пишувајќи го текстот размислувавме како можеме да го спасиме својот живот, нашите животи, нагласувајќи дека сите заедно го претставуваме светот, како и што треба да направиме за да го спасиме, што беше клучно прашање пред 35 години, а и денеска е!, вели Лајонел Ричи.