
Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Интер, Хавиер Занети, стави крај на сите дилеми околу клупската иднина на аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез. Најдобриот стрелец во дресот на „нероазурите“ важи за голема желба на раководните лица на Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн (М), но легендата на Интер испрати јасна порака дека Лаутаро ќе остане во Милано уште многу години.