Лауреатот на Златна камера 300 за животно дело, Јоргос Арванитис пристигна во Битола

60

Вториот лауреат на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, Јоргос Арванитис, синоќа пристигна во Битола.

Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, е добитник на Златна камера 300 за животно дело.

Во Битола, го пречека директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска. Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда.

Денес, во рамки на фестивалската програма, Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публика.

Златната камера 300 свечено ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота на 21 септември.