Ландин избран за најдобар ракометар во светот

14

Данскиот ракометен голман Никлас Ландин е избран за најдобар ракометар во светот за 2019 година. Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на репрезентативецот на Данска за првпат му го додели ова признание во кариерата.

Ландин моментно брани за германскиот Кил со кој ја осови Бундеслигата, а славеше пред хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на Вардар Лука Циндриќ, како пред сонародниците Микел Хансен и Рсмус Лауге Шмид и Норвежанецот Сандер Сагосен.

Оваа награда претходната година ја доби српскиот ракометар Петар Ненадиќ.

Што се однесува до ракометарките, ИХФ за најдобра ракометарка за 2019 година ја прогласи Норвешнката Стине Офтедал.