Лампард се одлучи за Поуп

53
MANCHESTER, ENGLAND - JANUARY 22: Nick Pope of Burnley during the Premier League match between Manchester United and Burnley FC at Old Trafford on January 22, 2020 in Manchester, United Kingdom. (Photo by Robbie Jay Barratt - AMA/Getty Images)

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Франк Лампард, сериозно размислува за продажба на најскапо купениот голман во фудбалската историја, Кепа Аризабалага. Легендарниот репрезентативец на Англија не крие дека е разочаран од формата на Шпанецот, но и од формата на неговата замена, Вили Кабаљеро.

Доколку стави крај на соработката со Аризабалага, Лампард ќе се обиде да ги осигура услугите на првиот голман на Барнли, Ник Поуп, кој важи за најголем голмански талент на денешницата.