Ракометот е еден од најпопуларните спортови во светот, особено во Европа. Затоа челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) секоја година се обидуваат да го зголемат наградниот фонд, но ова не придинесува ракометарите да имаат повисоки плати.

Со зголемувањето на наградните фондови само малку се зголемија платите на ракометарите, но тоа се уште е далеку од она што го земаат кошаркарите и фудбалерите.

Најплатен ракометар во светот за 2020 година е данскиот репрезентативец од редовите на ПСЖ, Микел Хансен со годишна заработувачка од 2,5 милиони евра, пишува српскиот портал „мондо.рс.“ Ова е плата која што ја има фудбалерот Рајан Фредерикс, десниот бек на Вест Хем, а од него во овој клуб поплатени се дури 16 играчи…

Интересно е тоа што македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров е најплатениот ракометар од балканските простори. За неговите услуги францускиот Нант издвојува 500.000 евра.

Но второто место по заработувачка во ракометот е Данецот Ханс Линдберг, но далеку зад првиот со 1,55 милиони евра во Фуксе Берлин, а милионери се уште Лук Абало со 1,25 милиони и Никола Карабатиќ со 1,2 милиони евра во ПСЖ

Мишел Гигу (Монпелје) годишно заработува 950 милиони евра, колку што добива и Лука Карабатиќ. Никлас Ландин (Кил) инкасира 800.000, а Матијас Закрисон од Фуксе Берлина добива 700 илјади евра, Фредрик Питерсон (Монпелје) 650.000, а потоа следи тројката од Барселона – Алеш Гомес (650.00) и Аиртон Арињо и Раул Ентрериос со по 550.000 евра годишно.