Лавров: Ситуацијата на Косово е алармантна, може да се случи голема експлозија

104
EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Ситуацијата на Косово е алармантна, може да се случи голема експлозија во центарот на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за новинарите во Кенија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тие ги прекршија сите принципи на Хелсиншката повелба и другите документи на ОБСЕ. Ситуацијата е алармантна, но Западот тргна по патот на тоталното потчинување на секој кој на кој било начин го изразува своето мислење, нагласи Лавров, пренесува РТС.

Косовската полиција утринава фрли солзавец кон вработените во општина Звечан, кои во неколку наврати се обиделе да влезат во зградата, а кои КФОР претходно ги пропушти да ги поминат.

Дојде до конфликт меѓу граѓани од српска националност со КФОР и косовската полиција. Како што јави дописникот на РТС, повредени има и на страната на Кфор и на страната на граѓаните во Звечан.