Лавров: Европа го губи влијанието без нас

19

Европската унија без соработка со Москва ќе го изгуби своето влијание, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Фестивалот на младоста и студентите во Сочи.

– Европската унија почнува се повеќе да сфаќа дека сама, без партнерство со Русија, постепено ќе го изгуби влијанието и во економијата и во политиката, рече Лавров на панел дискусијата.

Тој додаде дека Русија е отворена за соработка со САД и НАТО, но под услов да биде фер.

– Ние секогаш сме отворени за фер соработка со САД, ЕУ и НАТО. Кога ваќа ќе се пристапи, тогаш можат да се постигнат резултати, рече Лавров.

Според него, меѓународната заедница не може да се обедини во војната против тероризмот се додека некои држави тежнеат кон сопствени геополитички интереси.