САД ја диригираат војната против Русија во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров.
Во интервју со Павел Зарубин, водител на ТВ-шоуто „Москва. Кремљ. Путин“, Лавров појасни:
„Украина со години е подготвена со свои раце и тела да и нанесе стратешки пораз на Русија. Колку и да тврдат поинаку Американците, тие ја водат оваа војна, снабдувајќи го Киев со оружје, муниција, разузнавачки информации, сателитски снимки. Токму тие ја водат војната против нас“.
Вака Лавров реагираше на можната одлука на Вашингтон да му испорача на Киев ракети со уште поголем дострел. Веројатно опсегот на ATACMS е 300 километри.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков пак, за тие ракети рече дека „САД работат на континуирано ескалирање на ситуацијата во и околу Украина, игнорирајќи ги сите ризици.