КХС: Долгот за собирање отпад на рати без камата

69

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги известува своите корисници коишто имаат
заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад (тужени и
редовни) дека од денеска – 15 февруари заклучно со 31 март 2023 година,
имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето
плаќање.

Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се
однесува и на физичките лица и на правните лица.