Кутињо се враќа во Премиер

215

Најбогатите клубови во англиската Премиер лига ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Филипе Кутињо.

Одличниот играч за врска моментално настапува како позајмен играч во дресот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), но се погласни се шпекулациите дека баварскиот гигант не сака да го откупи неговиот договор за 120 мил. евра. Британските медиуми открија дека интерес за неговите услуги покажаа челниците на Тотенхем, Челзи, Манчестер Јунајтед и на Манчестер Сити.