Кутињо не сака во Барса

59

Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо, испрати јасна порака до раководните лица на германскиот гигант Баерн (М) дека сака и во следните неколку сезони да престојува на „Алијанц арена“.

Одличниот играч за врска моментално настапува како позајмен играч од редовите на каталонскиот гигант Барселона, а за едногодишната позајмица се одвоени 8.5 мил. евра. Челниците на Баерн (М) имаат право да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната но понудата не смее да биде помала од 120 мил. евра.