Мандатарот за состав на идната австриска влада, лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц и лидерот на Зелените, Вернер Коглер ги почнуваат денеска коалициските преговори.

Курц вчера изјави дека минатата недела имал повеќе состаноци со Зелените, по што ја избрал таа партија за разговори за идна влада.

Тој истакна дека нема да биде лесно, бидејќи ставовите на двете партии се „многу, многу различни“.

Курц нагласи дека Зелените имаат цврсти ставови по прашањето за заштита на животната средина и борбата против климатските промени, каде што нема да биде лесно, како што ОВП инсистира на своите ставови по прашањето за миграција, безбедност и даночна политика.

– Доколку биде постигнат договор со Зелените ќе треба малку повеќе креативност и до некаде некој нов облик на владеење, порача Курц.