Курти го блокира Скопје: Колона возила од Карпош 3 до Соборен храм/ФОТО

393

Скопје во моментов е во сообраќаен хаос. Колона возила „не мрда“ од населбата Карпош 3, сè до Соборниот храм во центарот на градот. Луѓето кои се затекнаа во оваа колона нервозни излегоа од возилата и автобусите.

Инаку, од утрово е најавен посебен сообраќаен режим денеска во Скопје, поради доаѓањето на косовските претставници на владата поради меѓувладината седница со нашата влада.

МВР информира дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на собраќајниците на поширокото централно подрачје.

Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.