Штип ќе добие електричен автомобил, а донацијата е од познатата штипска фирма „Хамачи“. Драган Ристов, леце за односи со јавност во општина Штип појаснува дека електричниот автомобил ќе го користи курирската служба во општината.
– Локалната самоуправа има тројца курири и тие ќе го користат за достава на даночни решенија, други документи, воопшто за секаква достава која ја овозможува возилото. Во Штип веќе имаме полнач за електрични автомобили кој се наоѓа на автобуската постројка, кај Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип и несомнено е дека ќе има заштеда на гориво за општината, а од друга страна и еколошки придобивки, вели Ристов.