Куомо: Њујорк воведува карантин за граѓаните од 16 сојузни американски држави

47

Државата Њујорк воведува задолжителен карантин за граѓаните на 16 американски држави каде пандемијата на коронавирус е во пораст, изјави денеска гувернерот Ендру Куомо.

– Сега имаме 16 држави кои ги исполнуваат критериумите за карантин … 16 држави сега подлежат на карантин во Њујорк, рече гувернерот.

Минатата недела Кумо го објави првиот список на осум американски држави чии граѓани мора да одат во карантин, вклучувајќи ги Флорида и Тексас, додека во новиот список се наоѓа и Калифорнија, најнаселената американска држава.

До денеска, од коронавирусот во САД починаа 129.007 лица, а заразени се 2.693, 736.