Кумановски гимназијалци на интеркултурна размена во Швајцарија

17

Делегација ученици и наставници од кумановската гимназија “Гоце Делчев” замина на интеркултурна размена во детското село Песталоци во Швајцарија, информираа од училиштето.

Учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови способности, да ги прошират своите видици, да добијат различни знаења за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, толеранција и различни вредности и култури. Меѓу останатото, тие ќе имаат можност и да се оспособат да преземат одговорност за самите себе, но и за другите, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој. Покрај тоа тие ќе имаат можност да посетат и повеќе знаменитости од Швајцарија.

– Во рамки на долгогодишната соработка со коалцијата Сега од Прилеп оваа година како награда за тоа што нашите ученици биле добри во соработката со Швајцарија одат две групи по осум ученици и две наставнички, заминаа утрово во Швајцарија во детското село Песталоци ќе се задржат таму 17 дена ќе го презенетираат нашето училиште, градот и државата. Во рамките на оваа посета ќе бидат вклучени ученици од Гостивар Прилеп и Куманово, изјави директорката на гимназијата, Соња Тодоровска.