Куклена претстава: “Јованче и Марика“ премиерно во Театарот за деца и младинци

203

Во Театарот за деца и младинци на 25 декември (19 часот),  премиерно ќе биде одиграна детско-куклената претстава „Јованче и Марика“ во режија на Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора, а според истоимената бајка на баќата Грим.

Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца, а браќата Грим им подариле ,,вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата, нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.

Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката, која го маѓепсала нивниот татко. Тука се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе…

Во претстава игра актерска екипа од пет луѓе: Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков и Ангела Димитрова.

Сценографија и костимографија е на Надја Василева Ковачевска, а композитор на музиката на претставата е Љупчо Мирковски. Драматизацијата на приказната е на Дарко Ковачевски и на Надја Ковачевска Василева.