Македонскиот ракометен репрезентативец Цветан Кузмановски го продолжи договорот со битолскиот суперлигаш РК Еурофарм Пелистер до 2025 година.
Стружанецот ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.
-Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола, изјави Кузмановски.