Европскиот ракометен шампион, тимот на Вардар, остана без еден од најдобрите играчи Летонецот Даинис Криштопанс. Летонскиот џин и дефинитивно си замина од тимот на „црвено – црните“ откако денеска ја официјализираше преселбата во бундеслигашот Фуксе Берлин.
Информацијата прв ја објави легендарниот германски ракометар, Стефан Кречмар, сега менаџер на Фуксе Берлин. Тој му посака добредојде на Кристопанс, по што веднаш супер-трансферот беше официјализиран од страна на самиот клуб.
Криштопанс одбиваше да тренира со Вардар по дуелот со Кил, по неисплатените плати во изминатиот период Како што е веќе познато, Криштопанс на крајот од сезонава ќе замине во дрим-тимот на ПСЖ, трансфер што беше договорен пред повеќе од една година.