Крилата на Холандија се најголема опасност за Англија

86

Со голема доза на среќа, репрезентацијата на Англија, осигура ново полуфинале и е на само два чекора од трофејот на ЕП 2024. „Гордиот Албион“ не блескаше ниту во групната фаза ниту во следните два елиминациски натпревари, но четата на Герет Саудгејт ќе се обид за неколку часа да ја доби и полуфиналната пресметка против селекцијата на Холандија.

За разлика од Англија, популарните „лалиња“ сосема заслжено славеа во 1/8 финалето против Романија и во 1/4 финалето против Турција и сосема очекувано максимално мотивирано ќе го стартуваат денешниот дуел (21:00 ч.) на „Сиган Идуна Парк“ во Дортмунд.

Селекторите немаат некој посериозен проблем кога е во прашање здравствениот билтен и со најсилниот состав ќе го стартуваат дуелот.

„Ние сме во полуфиналето, а тоа значи дека работиме прилично добро. Мислам дека против Швајцарија го одигравме нашиот најдобар натпревар на турнирот. Покажавме многу цврстина во текот на целиот турнир. Кога ќе ги погледнете победниците на големите турнири, тие ја покажаа таа особина пред се, а ние имаме многу од тоа“, изјави капитенот на Англија, Хари Кејн.

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, е убеден дека нема некоја голема физичка разлика помеѓу двете репрезентации.

-Мислам дека ја вративме потребната енергија после дуелот со Турција. Не мислам дека има некаква физичка разлика помеѓу двете репрезентации, Англија не е во некаква предност. Игравме ист ден, и ние патувавме како што патуваа и тие. Мислам дека подготвеноста на играчите нема да биде пресудна, нема да го реши натпреварот. Очекувам голема ноќ, голем натпревар помеѓу две големи нации, изјави предводникот на „лалињата“.