Кривична пријава и за лицето кој го возел Палевски до Турција

72

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека ќе следува кривична пријава за возачот на Љупчо Палевски – Палчо по испрашувањето во полициската станица.

– По се она што го имаме досега потврдено, ме информираа службите дека ќе следува кривична пријава, рече Спасовски.

Спасовски додаде дека се работи на преведувањето на целата документација со која ќе се бара екстрадиција на Палевски од Турција и дека очекува дека уште денеска ќе биде испратена.

Според информациите кои претходно ги објави Јавното Обвинителство, 46-годишниот С.Д. се сомничи за помагање, откако стана јасно дека го возел Љупчо Палевски-Палчо во саботата, на 2 декември, на граничниот премин помеѓу Србија и Бугарија, по што се упатил кон Турција на преминот Капитан Андреево. Тој попат се сликал со Палевски и објавувал фотографии на ФБ. Тој е сопартиец на Палевски и објавувал видеа на Фб страницата на неговата партија „Десна“