Кривична пријава за лице од струшко, се сомничи за палење сува трева покрај Охридското езеро

12

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(53) од струшкото село Калишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој, на 10.05.2022 на државно земјиште покрај брегот на Охридското езеро запалил сува трева и предизвикал пожар.