Крива Паланка и годинава поттикнува на хуманост со акцијата “Подари насмевка”

61

Неколку млади ентузијастки од Крива Паланка покренаа иницијатива за собирање средства и продукти за обезбедување новогодишни пакетчиња за дечиња од ранливи категории лица од општината.

Акцијата е насловена „Подари насмевка“, а е инспирирана и претставува продолжение на минатогодишната акција на „Хуманија“, со која беа поделени над 300 пакетчиња за дечиња од руралните средини и од Дневниот центар во Крива Паланка.

– Ја организираме акцијата под мотото „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“ со која сакаме и оваа година да усреќиме што поголем број дечиња и да изнудиме насмевки на нивните лица. Поради тоа, упатуваме порака до сите хумани граѓани дека секој од нив може да биде нечиј Дедо Мраз, а колку повеќе пакетчиња ќе се соберат, толку повеќе насмевки ќе се споделат , информираат организаторките.

Покана и апел за вклучување во акцијата се упатени до сите физички лица, институции, приватни компании, а организаторите се достапни на два телефонски броеви: 078372289 и 078282418, најдоцна до 23 декември, по што ќе следи организацијата на достава и распределба на пакетчињата.