Крвна одмазда во БиХ: Две години го чекал убиецот на братот, на крајот му пресудил

432

Во Велика Кладуша, БиХ, синоќа е убиен Асмир.Х. кој поради добро однесување неодамна излезе од затворот во Зеница каде ја отслужи казната за убиството на Хасан Граховиќ кого го убил на 7 јануари 2021 година. Според полицијата, се работи за крвна одмазда, бидејќи убиецот на А.Х. е брат на покојниот Хасан.Г.

35-годишен маж пукал во 28-годишен маж и му нанел фатални повреди“. Тој е уапсен и ќе биде предаден на Обвинителството на УСК. Двајцата се од Велика Кладуша“, пренесе порталот „Аваз“.

Изет Изо Граховиќ, братот на брутално убиениот Хасан.Г., се подготвувал за крвна одмазда. Се подготвувал да се одмазди на својот брат, за кого луѓето во Велика Кладуша имаат само пофални зборови, пишуваат регионалните медиуми.

Тој ги спроведе своите намери на 4 јуни 2023 година.

Околу 22 часот Асмир наишол на улицата Махмут Зулица во близина на училишниот центар во Велика Кладуша. Откако го дознал тоа, Изет веднаш отворил оган.

Без многу размислување, претходно подготвен за овој крвав пир, И.Г. испукал неколку истрели кон А.Х. Откако го завршил планот, отишол во полициската станица во Велика Кладуша и се предал.