Крвав петок 13-ти во Србија – самоубиство, скок од прозор на мајка со дете, две убиства…

55

Овој петок 13-ти се нижат црни вести од соседна Србија. За неополни четири часа, во Србија се случиле четири тешки трагедии. Мајка со дете скокна низ прозор, човек на сосетката и го пресекол вратот, па ја запалил кучата, полицајка извршила самоубиство, а во Параќин се пронајдени две тела – маж ја убил љубовницата, а потоа пукал во себе.

Мајката и детето за среќа, паднале во трева и тоа најверојатно им го спасило животот, сега се во болница во стабилна состојба.

Во Брајево е убиена Снежана Ѓ. Од својот сосед Славољуб Ј. кој со нож и го пресекол вратот, а потоа ја запалил куќата и се сокрил. Сепак, набрзо соседите дошле да го гасат огнот, а кога осомничениот увидел дека нема излез, се обидел да си ги пресече вените.

Јавноста во Праќин останала шокирана од трагдеијата што се случила денеска кога се пронајдени две мртви тела на маж и жена за кои се претпоставува дека биле во љубовна врска. Мажот пукал во жената, а потоа сам си го одзел животот.

Според првичните неофицијални информации, мотив за убиството била љубомората на мажот.

Во Обреновац, припадничка на полицијата извршила самоубиство со службениот пиштол, деталите за случајот се уште не се познати.