Крваво злосторство на Тајланд: Поранешен полицаец пукал во детска градинка, најмалку 30 мртви

106

Повеќе од 30 лица се убиени денеска во масовно пукање во дневен центар за деца во североисточна провинција Тајланд, изјави портпаролот на полицијата. Меѓу жртвите има и деца и возрасни, се вели во соопштението на полицијата, додавајќи дека напаѓачот бил поранешен полицаец и оти била во тек потера. Премиерот ги алармирал сите агенции да преземат акција и да го фатат виновникот, изјави владиниот портпарол.

Вооружениот напаѓач најверојатно е поранешен полицаец, а тој се уште е во бегство по нападот во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на земјата. Меѓу жртвите има и деца и возрасни.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

“Има најмалку 30 мртви, но информациите се уште пристигнуваат“, изјави за Ројтерс заменик-портпаролот на полицијата Архон Краитонг.

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Ламфу. Полицијата соопшти дека меѓу убиените има и деца и дека сторителот е поранешен полицаец.

Потрагата по осомничениот е во тек, јавуваат агенциите.