Филмот “Титаник“, на познатиот режисер Џејмс Камерон, додека се снимал бил прогласен за најскап филм на сите времиња, со буџет од 200 милиони долари. Но, потоа стана првиот филм во историјата кој заработи милијарда долари.

И се тоа поради многуте антикампањи кои траеле еден месец, а во кои се тврдело дека овој филм е “Ромео и Јулија на брод“ и е осуден на пропаст.

Љубовната приказна од филмот од 1997. година сите ја знаат и нема човек кој не би помислил дека сè би било поубаво доколку крајот не беше таков. Всушност крајот и бил поинаков, но тие скевенци биле исфрлени во монтажа.

Како што е вообичаено за снимањето на филмови, на крајот секогаш се снимаат неколку алтернативни завршни сцени, и во зависност од реакцијата на публиката на пробната проекција, се избира најдобрата.

Овојпат, Камерон се откажал од ваков крај затоа што проценил дека дијалогот не е најдобар како и тоа дека не се вклопува во останатиот дел од “Титаник“.

Проценете сами дали бил во право!