Кралицата Ренија и кралот на Јордан, Абдулах II со нивниот син, принцот Хусеин се на службен пат во САД. По тој повод, кралицата Ренија во Белата куќа се сретна со својата домнаќинка, Џил Бајден. Тоа е прва службена посета на јорданската кралска двојка кај американскиот претседател Џо Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден.

Со посетатата на јорданскиот крал се зацврстуваат билатералните односи меѓу САД и Јордан кога се во прашање политичките, безбедносните и економските прашања. Кралот Абдула II, воедно, е и првиот арапски водач што дошол на посета кај претседателот Џо Бајден.

Кралицата Ренија и Џил Бајден исто така одржаа состанок, а го привлекоа вниманието и со своето елегантно издание. Џил Бајден на средбата носи комплет од бело здолниште што ја следи линијата на телото со должина до колена и со него елегантно сако. Тоа го дополнува со бел ремен со златно копче. Чевлите со високи потпетици од модната куќа „Диор“ совршено го дополнуваат стајлингот на американската прва дама.

Кралицата Ренија одбра здолниште со женствена црвена боја и со слободен крој во долниот дел. Горниот дел наликува на кошула со врвки кои висат до струкот нагласен со ефектен широк ремен. Својот изглед кралицата Ренија го надополнува со салонки во светло-сива нијанса и сатенска црвена чанта.

„Беше убава средба со американската прва дама, Џил Бајден во Белата куќа. Уживање е да се гледа нејзиниот ентузијазам и топлина!“, објавено е на официјалниот Инстаграм профил на кралоцата Ренија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rania Al Abdullah (@queenrania)