Кралицата на Инстаграм го советува Афлек: Таа ме сака, треба да ја слушам!

66

Во едно од ретките интервјуа, актерот Бен Афлек си ја отвори душата и за „The Hollywood Reporter“ изјави дека треба повеќе да ги слуша советите на „кралицата на Инстаграм“, неговата сопруга Џенифер Лопез.

„Не знам дали има некој што го разбира Инстаграм подобро од неа. Таа ми одржа говор утрово пред ова интервју. Таа мисли дека искуствата што ги имав ме направија многу внимателен. И таа е во право“, истакна Афлек, алудирајќи на бројните „фиктивни“ интервјуа што тој наводно ги дал, како она во кое ја обвинува поранешната партнерка Џенифер Гарнер за неговите проблеми со алкохолизмот.

Меѓу другото, тој се осврна и на неодамнешниот случај на доделувањето на Греми наградите, кога  покрај Лопез изгледаше како да е на стрелање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Поради тие пози и целосна незаинтересираност за се што се случува околу нив, добил прекор од сопругата.

„Па денес таа ми вели: „Опушти се, биди свој, ти си всушност забавен тип кој е вистински и искрен и едноставно изгледаш толку сериозно“. Но, како и со многу работи, таа навистина е во право. Таа ме сака. Се грижи за мене. Таа се обидува да ми помогне. Па можеби треба само да ја слушам“, додаде Афлек со насмевка.