Кој тоа многу ја налути пејачката Сани Гроздановска?

129

Со сила ме разведуваат, но со тоа не ми ја качуваат цената пред Нова година!

Фолк пејачката Сања Сани Гроздановска, сепак, не се разведува! Правот се крена откако по некои портали од некои лошо информирани новинари излезе веста дека пејачката се разведува од својот сопруг Мартин. Дури и јасно и гласно беше напишано дека “нивните извори велат дека Сани и Мартин не живеат заедно во станот кој лани го купија во населбата Аеродром, но разводот го кријат од медиумите“. Наводно, документите биле веќе доставени до судот, но не се знаеле причините за разводот. Ние од “Вечер“ ја контактиравме Сани да ни ја потврди веста за разводот, а таа не знаеше дали да се смее или да плаче од напишаната глупост.

– Тотална измислица, глупост на еден естраден новинар чие име нема да го кажам, нема да му правам маркетинг. Иако тој ми вели дека треба малку трач да има и за мене. Мене трачеви не ми требаат. Ние не сме српска естрада, ова е Македонија. И сопругот Мартин му е многу лут, не дај боже да го сретне… кажа меѓу другото за весникот “Вечер“ и порталот vecer.press, сексапилната пејачката Сани која додава дека со Мартин толку многу се сакаат што планираат да имаат уште барем четири деца, а не дека се разведуваат. Д.М.