Кој кого (пре)воспитува во српското образование: Сослушана мајката која ја претепа наставничката на нејзиниот син во училиште во Нов Белград

1680

Српското обвинителство сослуша 32-годишна жена осомничена дека им се заканувала, навредувала и ги удирала наставниците на нејзиниот син во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нови Београд.

Осомничената се товари за кривични дела злоупотреба и тортура и загрозување на безбедноста, пишува РТС.

На осомничената вчера ѝ беше одредена мерка притвор во траење од 48 часа. Во кривичната пријава се товари дека на 13 јуни на училиште, незадоволна од оценката на синот, упатила закани по животот и телото на наставничката, ја навредувала, ја влечела за коса и ја удрила неколку пати во пределот на телото, соопшти Обвинителството.

Нападната е и наставничка во основното училиште „Свети Сава“ во Врачар. Откако се вратила од рекреативна настава, таа била физички и вербално нападната од родители на девојче.

Обвинителството и во овој случај нареди собирање докази.