Кој им се умилкува на кафеанџиите за да ги добие нивните гласови во вториот круг?

Во услови кога бројот на заразени во сите земји во регионот расте и кога се преземаат дополнителни рестриктивни мерки, кај нас Владата ги олабавува мерките, тоа не може да се сфати никако поинаку туку како политичка одлука и како еден од начините за умилкување на угостителите и добивање на нивниот глас во вториот круг на локалните избори. И граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека олабавување на мерките не е резултат на смалувањето на реалниот број на заболени, туку е политичка одлука. Според нив одлуката за олабавување на мерките за угостителските објекти е избрзана, посебно ако се земе предвид фактот дека лекарите најавуваат нов ковид-бран

399

Одлуката на Владата за олабавување на мерките против ковид-19, која се донесе помеѓу двата круга од локалните избори, многумина ја окарактеризираа како политичка одлука. Во услови кога бројот на заразени во сите земји во регионот раст и кога се преземаат дополнителни рестриктивни мерки кај нас Владата ги олабавува мерки, тоа не може да се сфати никако поинаку туку како политичка одлука и како еден од начините за умилкување на угостителите и добивање на нивниот глас во вториот круг на локалните избори. И граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека олабавување на мерките не е резултат на смалувањето на реалниот број на заболени, туку е политичка одлука. Според нив одлуката за олабавување на мерките за угостителските објекти е избрзана, посебно ако се земе предвид фактот дека лекарите најавуваат нов ковид-бран.

Според оваа одлука на една маса во кафуле или ресторан ќе можат да седат  неограничен број на гости, а во затворените делови од угостителските објекти наместо 30 отсто како досега пополнетоста на капацитетите ќе може да изнесува 50 отсто.

Од Независната угостителска комора сметаат дека одлуката со која се зголемува број на вакцинирани лица кои можат да престојуваат во угостителски објекти не може да биде избрзана и да влијае на зголемување на број на новозаболени Оттаму појаснуваат дека ако се појави најавениот т.н. нов ковид-бран, сигурно зголемениот број на заболени нема да биде резултат од олабавување на протоколите за работа во угостителските објекти бидејќи ако на невакцинираните им е забранет влез, како тогаш тие може да се заболат во угостителските објекти.

– Поради големиот број на угостителски објекти со повеќе од 35 илјади вработени во повеќе наврати во изминатиот период настојувавме да укажеме дека угостителската индустрија е влијателна и моќна индустрија не само во социјалниот живот и економијата туку и во политиката. Во услови кога бројот на заболени во соседството повторно се зголемува, последната одлука на Владата за олабавување на мерките е очигледно дека не е резултат на смалувањето на реалниот број на заболени, туку сметаме дека е повеќе политичка одлука како еден од начините на умилкување кон сите инволвирани во угостителската индустрија со надеж на добивање на угостителскиот глас во вториот круг на локалните избори. Од друга страна, со оваа одлука Владата доколку бројките почнат да се зголемуваа сака директно повторно да ја пренесе вината за бројот на новозаболени кон угостителските објекти и да избегне било каква одговорност дека зголемениот број е резултат на целосно непочитување на мерките од страна на политичките партии во предизборната кампања за локалните избори, вели за ВЕЧЕР, претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Според угостителите мерката со која се забрани посета на угостителски објекти на невакцинирани лица требаше уште на почеток да биде проследена со укинување ограничувањата на бројот на гости во затворениот дел и на максимално дозволениот број на лица на една маса. Сега истата нема битно да влијае на зголемување на приходите на угостителските објекти, а веќе создава проблеми и недоразбирања пред се поради начинот на толкување од страна на угостителите и инспекторите за тоа колку претставува 50 отсто капацитет во еден угостителски објект ако гостите стојат или колку ако седат без ограничување на максималниот број на лица на една маса.

Согласно постојните протоколи во угостителските објекти и понатаму треба да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци поради што веќе е преполовена можноста на бројот на гости што можат да престојуваат во угостителскиот објект.

(А.С.)