Кој знае дали би се осмелиле да пробате, ама нема да згрешите: Лимонада со кафе – неверојатно освежителна кофеинска бомба

133

Дали сте пробале лимонада со кафе? Звучи ужасно, но сите што го пробале овој пијалак велат дека е неверојатно освежителен.

Неочекуваната комбинација на кафе и лимон освежува и дава енергија.

Киселоста на лимонадата одлично оди со богатиот вкус на кафето, создавајќи уникатен, освежителен пијалак.

Кафе-лимонадата се прави многу лесно, само треба да го изладите еспресото откако ќе го сварите.

Ако сакате освежителни пијалаци, можеби ќе сакате да направите и ледено кафе афогато со амарето. Еве како да направите кафе-лимонада, пишува Еспресо.

Потребно е :

  • 130 мл еспресо (или силно црно кафе)
  • 200 мл лимонада (по можност домашна)
  • Мраз
  • Парчиња лимон за украсување
  • Нане за декорација

Подготовка:

Сварете го еспресото и оставете го да се излади. Исцедете го лимонот за лимонадата. Наполнете ја чашата со мраз и истурете ја лимонадата. Полека истурете го изладеното еспресо за да создадете „двослоен“ пијалок. Украсете со парчиња лимон и нане.