Која е убавата презентерка на вечерните вести на ТВ “Ал-Сат“? Светлана Црнокрак – нашата Моника Белучи

298

Кој би кажал дека Македонија ја има својата Моника Белучи (славната италијанска актерка по која се крена уште поголема фама откако беше онлајн гостинка на роденденот на Стопанската комора на Македонија), а токму тоа и според фрапантната физичка сличност е нашата многу позната поранешна манекенка, фотомодел, убавица. Сега е ТВ-презентерка, а тоа е таа Светлана Црнокрак.

Сопругата на Мики Црнокрак скоро секоја вечер имаме можност да ја видиме на фреквенцијата на “Ал-Сат“ телевизија во презентација на најновите вести од дома и странство. Да се обложиме дека повеќемина од машката популација вестите ги следат само поради Светлана, не трепнувајќи со очите поради нејзината природна убавина со која зрачи од малиот екран. Единствено Светлана не крие дека има направено мала корекција на устата, бидејќи постојано ја исцртувала со молив за шминка.

Жена која е и посветена мајка на две ќерки, а која зад себе има богата кариера која е за почит, личност со природна харизма. Иако е во петтата деценија од животот, тоа никој не би го рекол. Многу помладите жени само и завидуваат на изгледот.
Со Мики Црнокрак се запознава во Битола на некоја од модните ревии, а набргу потоа станаа и сопружници.

Светлана вели дека им се случила љубов на прв поглед! Долги години се во среќен брак, а таа рецепт за успешен брак нема. -Можеби само тоа дека треба да сте тоа што сте во секојдневието со партнерот, во ништо да не се претерува, да не глумите лудило, па сè ќе си доаѓа на свое, па ако има љубов и сите недостатоци се подносливи, вели Светлана.

Нивните две ќерки, Моника и Нина, веќе се израснати во големи девојки со наследена женска убавина од мама. Моника има 24 години, а нејзината сестра е 13 години помлада од неа. Моника е успешна во манекенството, па досега има освоено неколку титули и за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот  настап во 2018 година. Таа тогаш на изборот за “Мис лето Интернационал“ што се одржа на островот Кипар ја освои титулата за “Мис фотогеничност“.    Д.Миќиќ  foto:FB