Која е тајната на еден од хитовите на АББА?

93

Пејачката Агнета која ја знаеме од славната шведска група „АББА“, пред некоја вечер на една шведска телевизија открила дека нивниот голем хит „The winner takes it all“ (Победникот зема сè) настанал кога таа се разведувала од сопругот Бјорн, кој исто така беше дел од групата.

-Во летото 1980 година, за време на бракоразводниот процес, Бјорн започнал да работи на новата песна. Никогаш не напишал ниту еден текст толку брзо, но количество на испиени чаши со виски му помогнале во тоа. Беше навистина пијан и целиот текст му дојде во еден здив, со силен наплив на емоции за нашата разделба. Песната потоа, ете, станала светски хит, насмеано раскажа сè уште згодната Агнета.